logo
logo
logo

Притвор од месец дена за косовски Србин осомничен за шпионажа во корист на Србија

Vecer | 28.06.2024

Притвор од месец дена за косовски Србин осомничен за шпионажа во корист на Србија

Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на поранешниот припадник на Полицијата на Косово, Александар Влајиќ, осомничен за кривичните дела „Шпионажа“ и „Неовластено поседување, контрола или сопственост на оружје“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Влајиќ, како што соопштија надлежните органи, бил уапсен во средата навечер по неколкумесечни истраги на Косовската разузнавачка агенција (КИА) и косовската полиција.

Според медиумите во Приштина, Влајиќ се сомничи дека вршел шпионски дејствија во корист на разузнавачките служби на Србија.

Пред една недела за истото дело во Урошевац беа уапсени две лица, косовски Албанци, на кои исто така им е одреден едномесечен притвор. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk