logo
logo
logo

Приказната за Стефан го расплака Балканот: Некои сакаа да го посвојат, други му нудеа сместување, но на ова никој не се надеваше!

Vecer | 19.09.2021

Приказната за Стефан го расплака Балканот: Некои сакаа да го посвојат, други му нудеа сместување, но на ова никој не се надеваше!

Стефан (21) е млад дечко од Белград чија фотографија на социјалните мрежи го расплака Балканот. Тој беше објавен на Фејсбук од страна на Србинка кој му пришла бидејќи го слушнала како плаче.

Таа му ветила дека неговите маки ќе бидат чуени. Како што напишала на Фејсбук, овој млад дечко и рекол дека нема пари за кирија и покрај фактот дека работи. Тој и признал дека нема контакт со своето семејство, а и дека неговиот татко е бездомник. Стефан не успеал да си обезбеди сместување и вели дека е загрижен за зимата која доаѓа бидејќи ќе треба да спие на улица.

По оваа тажна објава, коментари следеа еден по други. Некои жени дури и сакаа да го посвојат Стефан. Меѓутоа на постот се огласила и Татјана Драчиловиќ, од центарот Ѕвезда која се занимава со грижа на млади кои се без соодветна родителска грижа. Случај како овој на Стефан.

Таа за српски Курир изјавила дека два пати досега се обидела да му пружи сместување на младиот Стефан, но дека тој два пати побегнал.

-Во прашање е момче со натпросечна интелегенција. Постојано менува локации, секогаш е на различни места и не сака да биде со своите родители или во кој било заштитен центар. Како сам да ја избира улицата...Не напушти по своја волја а тука во центарот има се. Три пати му вадевме лична карта, но тој секогаш ги фрла документите во контејнер со цел да не го бараме. Јас сум добро запознаена со овој случај и веќе неколку години се бара решение за него – но безуспешно бидејќи тој одбива помош во форма на нега.

Таа и додала дека досега имало неколку хумантирани акции за него.

-Пари за Стефан собираа и познати личности и обични граѓани. Луѓе му плаќаа хотели, мотели и слично. Тој секогаш ги зема парите и исчезнува од локацијата. И неговата мајка се обидува да го најде но тој одбива да има контакт со родителите. Тој одбива било каква помош, освен финансиска, додава таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk