Еден млад маж и две девојки се уште се во многу тешка состојба.
- Направени се нови оперативни зафати. Сите се во многу тешка состојба - изјави директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.
- Неблагодарно е да се прават прогнози, се работи за сериозни повреди опасни по живот и исходот е неизвесен - додаде таа.
Таа посочи дека се работи за тешки подливи на внатрешните органи, а пациентите постојано се праќаат на дополнителни скенери. Докторката истакна дека постојано се работи на згрижување на внатрешните повреди.
- Не се свесни, сите се на апарати за вештачко дишење, се во многу тешка состојба и витално загрозени - заклучи Туркулов во обраќањето во живо.
Во несреќата што во црно ја зафати цела Србија загинаа 14 лица, меѓу кои и деца, а три лица се во животна опасност и се наоѓаат во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Војводина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата