logo
logo
logo

Пресврт во случајот со малата Данка Илиќ- и вториот осомничен го негира исказот во полиција

Vecer | 11.07.2024

Пресврт во случајот со малата Данка Илиќ- и вториот осомничен го негира исказот во полиција

Драгијевиќ истакна дека на 26 март, кога била пријавена за исчезната, не го ни видел девојчето. Драгијевиќ бил донесен во обвинителството нешто пред 10:00 часот бидејќи претходно преку својот адвокат кажал дека сака повторно судење. Според сознанијата на српскиот портал, тој целосно го повлекол претходно даденото признание.

Како што пишува српски Курир , тој демантирал сѐ што првично кажал. А тоа, да потсетиме, е дека малото девојче било удрено од автомобил, убиено, а нејзиното тело било фрлено во депонија. Неговото сослушување сега се совпадна со приказната за Срѓан Јанковиќ, неговиот колега и уште еден осомничен за исчезнувањето на девојчето, кој исто така го повлече признанието што претходно го дал во полиција.

Неодамна, пак, во случајот се појави нов сведок, кој рече дека на кобниот 26 март видел автомобил на „Водовод“ во Бањско поле каде исчезна девојчето.

Да потсетиме, девојчето, според полициската верзија, излегла на улица, каде со службено возило најпрво ја удриле вработени во комуналното претпријатие „Водовод“. Ја ставиле во автомобилот и продолжиле да возат, а во еден момент се испоставило дека таа не умрела туку се онесвестила, а потоа наводно ја убил еден од осомничените. Телото било фрлено во депонија, а подоцна наводно е преместено на непозната локација. Ова е официјалната полициска верзија на приказната.

Но, на возилото со кое наводно е извршено делото, ниту во него не се пронајдени биолошки траги од девојчето. Не се пронајдени ниту траги од удар. На облеката на осомничените полицијата не пронашла биолошки траги од детето. Не е пронајдено ниту телото на исчезнатото девојче, иако депонијата каде што наводно осомничените го фрлиле телото на жртвата, извести полицијата, била детално претресена.

„Тоа е фијаско на истрагата, целиот случај се темели на изјавите на осомничените во полиција, а не се знае под кои околности биле дадени, дали биле присутни бранители, дали биле бранители по службена должност или избрани бранители. Полицијата одамна ја води истрагата, иако законот одамна предвидуваше обвинителството, а не полицијата да спроведува истраги и да ги презентира деталитеи од истрагата“, изјави српскиот адвокат Боривоје Боровиќ пред новото сведочење на осомничениот.

Драгијевиќ и Јанковиќ, работници на Општинското претпријатие, беа уапсени на 4 април, а таткото и братот на Дејан, Радослав и Далибор Драгијевиќ, беа уапсени два дена подоцна бидејќи помогнале да се сокрие телото на девојчето. Еден ден подоцна, на 7 април, Далибор Драгијевиќ починал во полициската станица во Бор, како што открива порталот Радар, како последица на тепање. Во моментов се води истрага за смртта на Далибор Драгијевиќ.

Телото на Данка Илиќ до денес не е пронајдено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk