logo
logo
logo

Пожар предизвика вонредна состојба во нуклеарната централа Козлодуј

Vecer | 04.11.2025

Пожар предизвика вонредна состојба во нуклеарната централа Козлодуј

Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарната служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема.

Официјално беше објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето. Работниците во централата остануваат во готовност додека инцидентот не се санира целосно.

Централата се наоѓа околу 120 километри северно од Софија, во близина на границата со Романија.

Козлодуј, единствената нуклеарна централа во Бугарија, има два реактори од 1.000 мегавати кои произведуваат околу 30 проценти од електричната енергија на Бугарија.

Четири постари реактори од 440 мегавати беа исклучени во 2002 и 2006 година, што беше услов за влез на Бугарија во Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk