АКС поведе иницијатива за поведување на постапка поради сомнението дека претседателот на Црна Гора го прекршил Законот бидејќи на 25 септември во текот на работното време бил ангажиран на промоција на својата изворна листа односно активно учествувал во предизборната кампања.
Пријава е поднесена и поради промотивниот спот за листата „За подобра Подгорица – Јаков Милатовиќ“, кој е снимен во кабинетот на претседателот на Црна Гора.
Милатовиќ има рок од пет дена да се изјасни за обвинувањата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата