logo
logo
logo

Потврден првиот случај на „Омикрон“ во Хрватска

Vecer | 04.12.2021

Потврден првиот случај на „Омикрон“ во Хрватска

Новата варијанта на коронавирусот „Омикрон“ е откриен и во Хрватска. Оваа информација е потврдена утрово.

„По бројни новинарски пишувања и соопштението од Хрватскиот институт за јавно здравје, можеме да потврдиме дека е откриен новиот сој на вирусот на 1. декември. Личноста која се тестираше, изрази сомневање на можност на зараза на новиот сој, поради контакт со лице од Јужна Африка. ПЦР анализата покажува дека има отстапки од другите варијанти на коронавирусот. Доакажна е присуство на мутација карактеристична на новиот сој омикрон“, се вели во соопштението од Институтот „Руѓер Бошковиќ“.

Контактите од заразеното лице ќе треба да одат во карантин во траење од 14 дена, и последниот ден од карантинот треба да се тестираат.

Претходно беше објавено дека овој сој е пронајден и во Грција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk