logo
logo
logo

ГРЦИЈА:

ПОСЛЕДЕН ПОВИК: Или вакцина или казна

Vecer | 16.01.2022

ПОСЛЕДЕН ПОВИК: Или вакцина или казна

Грчкиот премиер го испрати последниот повик до постарите граѓани да се вакцинираат пред месечните казни за прекршување на мандатот за вакцинација следната недела.

„Нашите сограѓани постари од 60 години и сè уште невакцинирани - ги охрабрувам денес: направете го овој чекор“, рече премиерот Киријакос Мицотакис вчера за време на посетата на здравствениот центар во Мегара, во близина на Атина.

„Заштитете го вашиот живот и животите на оние што ги сакате и разберете дека вакцината е безбедна и спасува животи.

Граѓаните над 60 години ќе се казнуваат со 50 евра од понеделник и по 100 евра секој месец од февруари, доколку не се вакцинираат. Сите приходи ќе бидат наменети за здравствениот систем на земјата, објавија грчките медиуми, пренесува РТ.

Оние кои имаат потврди за закрепнување од ковид и докажани медицински ослободувања нема да подлежат на казни. Луѓето вакцинирани во странство ќе можат да ги регистрираат своите вакцини преку владината веб-страница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk