logo
logo
logo

Вучиќ повика на ОБЕДИНУВАЊЕ

Пораката која Србите ќе ја разберат откако ќе ги снајде македонското сценарио (ВИДЕО)

Vecer | 04.06.2023

Пораката која Србите ќе ја разберат откако ќе ги снајде македонското сценарио (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните на Србија од Претседателството на Србија и порача дека треба да се обединат.

„Време е да се обединиме во обид да ја придвижиме нашата земја напред, во обид да ја подигнеме стапката на раст, да ја доведеме застојаната инфлација под 8 проценти, да го подобриме животниот стандард на нашиот народ. Сите наши разлики да ги претвориме во наши демократски предности, но да почнеме да се занимаваме со сериозни проблеми. Ние кои треба да се справиме со ситуацијата на Косово и Метохија, како и сите останати, мора да направиме се што можеме за да ја придвижиме нашата земја напред. Ова е покана до сите луѓе во Србија. Ви благодарам на сите. И оние кои ми се закануваа со бесење и оние кои ми испраќаа пораки за поддршка. Само заедно можеме да тргнеме во иднината, која ќе значи подобар живот за нашиот народ“, порача Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Десетици илјади граѓани на Србија попладнево излегоа на петтиот по ред протест „Србија против насилството“, што го организира дел од опозицијата.

Транспарент со фотографија од српскиот претседател Александар Вучиќ како чекори беше пуштен во воздух на вечерашниот масовен протест против насилството што се одржува во Белград.

„Вучиќ оди си“ пишува на транспарентот кој беше закачен за балони наполнети со хелиум, со боите на српското знаме.

Десетици илјади граѓани на Србија попладнево излегоа на петтиот по ред протест „Србија против насилството“, што го организира дел од опозицијата. Вечерашниот собир почна во 18 часот пред заградата на српскиот парламент во Белград, а маршот на граѓаните требаше да се движи низ повеќе улици и плоштади и треба да заврши во 21 часот пред зградата на претседателството на Србија.

Организаторите овојпат ги повикаа граѓаните да понесат по еден цвет и да го остават пред Народното собрание, за да се покаже почит кон жртвите на масовните убиства овој месец.

На протестот овојпат говореа познати српски актери и новинари, како реакција на нападите кон нив од страна на владеачаката партија-СНС, меѓу кои беа Светлана Цеца Бојковиќ, Хаџи Ненад Маричиќ, Иван Ивановиќ, Зоран Кесиќ, Драган Бјелогрлиќ и други.

Вечерва прв говореше актерот Ненад Хаџи Маричиќ, кој ги замоли присутните за тишина за да можат да се слушнат 18 удари во чест на жртвите на неодамнешните масовни убиства во Белград и кај Младеновац. Протестите „Србија против насилството“ се одржуваат од 8 мај, а повод се двете масовни убиства – првото на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, и второто ден подоцна, во селата Дубона и Мало Орашје, кај Младеновац.

Актерката Светлана Цеца Бојковиќ потсети дека мирните протести траат еден месец и порача дека „по еден месец е време да се каже нешто“.

– Секогаш кога доаѓавме во страшни ситуации, бевме обединети, без разлика на сите наши разлики во политичка смисла – рече таа и порача „сите треба да се обединиме и да бидеме заедно“.

На граѓаните пред Собранието им се обрати Иван Ивановиќ кој рече дека луѓето што шетаат сакаат само нормален живот, додека авторот на емисијата 24 минути Зоран Кесиќ на насобраните им се обрати со зборовите „добровечер хиени и мршојадци“.

– Верувавме во 96-та дека можеме да го промениме светот, а потоа се претворив во некој намќорест старец кој жали за Белград кој повеќе не постои, кој страда за некоја енергија што се трошела, а пред еден месец се извлеков од таа неопислива болка која никогаш нема да исчезне, се случи сочувство, емпатија, која се претвори во гнев, а потоа од гнев се создаде физичка потреба нешто веднаш да се промени токму сега, рече Кесиќ.

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ рече дека мисли дека денес има повеќе демонстранти од кога било.

-Посебно сакам да им се обратам на младите во Србија. Пред еден месец бевме погодени од трагедија каква што нашите луѓе не паметат. Трагедија која никогаш нема да ја преболиме и не треба да ја преболиме. Сите наши порази и несреќи, сите злосторства што сме ги направиле на другите и самите нас, сме го допреле дното, а ако има дно, го допревме тој ден. Тоа што вие младите излеговте на улица, дека нема да живееме во ова голо општество, дава надеж дека ќе се издигнеме од тоа дно – рече Бјелогрлиќ.

На протестот пристигна и група студенти, која беше дочекана со аплауз. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше: „Студентите нема да молчат“ и „АВ диктатор“, „Укинуваш училишта, а не реални шоуа“.

На претходните четири протести организаторите побараа смена на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), како и згаснување на магазините и таблоидите кои промовираат омраза и насилство и го кршат новинарскиот кодекс. Исто така, се бара и конфискација на фреквенциите на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“ и стопирање на реалните шоуа и програми кои промовираат насилство, неморал и агресија, а кои се емитуваат на националните телевизии.

Дел од барањата се и оставки на министерката за полиција Братислава Гашиќ и на директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk