logo
logo
logo

Полицијата во Тирана заплени оружје и муниција прошверцувани од Косово

Vecer | 24.05.2024

Полицијата во Тирана заплени оружје и муниција прошверцувани од Косово

Во акцијата, на паркинг на автобуски терминал, биле фатени и уапсени четворица косовски државјани на возраст од 20 до 28 години.

Двајца од нив во автобусот ставиле торба, во која се пронајдени 10 пиштоли, 10 рамки за куршуми и поголема количина муниција, по што другите двајца со патничко моторно возило го следеле автобусот низ целата релација.

- Од извршените проверки е констатирано дека огненото оружје требало да го продадат по цена од  1.500 до 3.000 евра по парче. Основано се сомнева дека сопственикот на автобусот, заедно со други државјани, во повеќе случаи шверцувал огнено оружје кон Албанија. Како материјални докази освен оружјето и муницијата одземени се и автомобилот и пет мобилни телефони, стои во полициското соопштение.

Неодамна албанската полиција спречи обид за шверц на оружје на граничниот премин Морина, кај Кукс, наведувајќи дека  „е спречен и расчистен уште еден случај на обид за транспорт на огнено оружје од Косово во Албанија“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk