logo
logo
logo

Полицијата пристигнува во зградата на РТВ во Нови Сад во пресрет на денешниот протест

Vecer | 27.12.2024

Полицијата пристигнува во зградата на РТВ во Нови Сад во пресрет на денешниот протест

На видео снимката доставена до Бета се гледа како полицијата влегува во зградата на јавниот медиумски сервис со опрема за разбивање демонстрации.

Студентите од Нови Сад денеска во 11:52 часот ги повикаа колегите, професорите и граѓаните да се соберат пред зградата на РТВ во тој град.

Студентите изјавија дека на овој начин сакаат да ги поддржат вработените во РТВ кои секој петок излегуваат по 15 минути во спомен на 15-те жртви од трагедијата во Нови Сад и кои бараат разрешување на главниот уредник на Првата програма. на РТВ, Ненад Чаќиќ.

Додаваат дека целта им е да им го вратат на граѓаните покраинскиот јавен медиумски сервис.

Три синдикати покренаа петиција за разрешување на Ненад Чаќиќ, бидејќи тој „директно го нарушува јавниот интерес, како и Законот за јавни медиумски услуги, со својата пропагандна и прорежимска уредувачка политика. "

Петицијата ќе биде испратена до Управниот одбор на РТВ чија надлежност е, соопштија синдикатите./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk