Во видеото кое е направено во Црна Гора се гледа урнебесена комуникација меѓу полицаец и мотоциклист, а се заради сторен прекршок и фактот дека возачот глумел странец. Епилогот е напишана казна и малку смешен аглиски. Полицаецот морал да се снаоѓа и со малку пантомима да го објасни сторениот прекршок, односно поминувањето на две полни линии.
На социјалните мрежи се појавија видеа од овој настан кои предизвикаа симпатии кај корисниците. Коментарите беа главно позитивни, а многумина дури и го пофалија полицаецот за трпеливоста и креативноста во комуникацијата.
Самиот мотоциклист подоцна ја признал грешката при претекнувањето и истакнал дека полицаецот правилно постапил. Во својот коментар тој дури и напишал: „Бидејќи не зборува англиски, има смешна комуникација.“
Реакцијата на јавноста беше главно позитивна, со многу коментари кои го пофалија полицаецот за неговата професионалност и човечност во справувањето со ситуацијата.