logo
logo
logo

Почна пописот на населението во Србија, демографите со песимистички прогнози

Vecer | 01.10.2022

Почна пописот на населението во Србија, демографите со песимистички прогнози

Србија, како и повеќето земји во регионот, има тренд на намалување на бројот на жители од година во година, а по рекордните 9,3 милиони во 1981 година, демографите проценуваат дека новиот попис, четири децении подоцна, ќе покаже речиси три милиони луѓе помалку .

Прелиминарните податоци од овогодинешниот попис ќе бидат објавени до крајот на ноември, а објавувањето на првите конечни резултати ќе започне напролет.

 Пописите во Србија од 2002 година не го вклучуваат Косово, па - споредувајќи ги резултатите од 2002 и 2011 година - евидентно е дека Србија во тие девет години изгубила 311.000 жители. Демографите се убедени дека падот е уште поголем во изминатата деценија.

Само поради негативниот природен прираст, Србија загуби повеќе од 450.000 жители во последните 11 години, а земајќи го предвид трендот на иселување, демографите се склони да проценат дека новиот попис би можел да изнесува околу 6,6 милиони жители, што би било најниска бројка од Втората светска војна.

Во неодамнешната студија „Човечкиот развој како одговор на демографските промени“ било прогнозирано дека до средината на векот Белград ќе изгуби 3,8 отсто од своите жители, Војводина 19,4 отсто, јужна и источна Србија ќе останат без речиси една третина од своите жители - 33,4 отсто, а југоисточна Србија без дури 40 отсто од населението.

Попишувачите собираат податоци директно од граѓаните, одејќи „од врата до врата“, а сите одговори на испитаниците ќе ги внесат во електронски прашалници.

За оние кои ќе одбијат да учествуваат на пописот предвидени се казни од околу 200 до 400 евра, се одговора на 69 прашања, но граѓаните не се должни да одговорат на три - за етничка припадност, мајчин јазик и вероисповед.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk