logo
logo
logo

Почина човекот, кој се самозапали на плоштад пред хрватската влада во Загреб

Vecer | 11.06.2024

Почина човекот, кој се самозапали на плоштад пред хрватската влада во Загреб

КБЦ Сестре милосрднице соопшти дека мажот кој се самозапали на Трг Свети Марко во Загреб и кој се лекуваше на Клиниката за трауматологија на КБЦ Сестре милосрднице, на одделот за интензивна нега, и покрај напорите на лекарите, починал од повредите по 21 часот, објави Индекс.

Како што претходно беше соопштено, мажот се здобил со изгореници од четврти степен по целото тело.

Утринава во 9 часот и 37 минути во полиција било пријавено дека едно лице се самозапалило во Марков трг, каде се наоѓа хрватскиот Сабор и зградата на Владата. Тој се запалил надвор од оградата околу плоштадот Свети Марко, по што бил пренесен на Клиниката за трауматологија.

Во тој момент на состанок во Владата бил премиерот Андреј Пленковиќ. „Веднаш штом бил информиран, премиерот и министрите за финансии и економија веднаш излегле на местото на несреќата пред зградата на Бански двори да видат што се случило, додека лекар од блиската ординација веќе обезбедувал прво помош за настраданиот“, изјави утрово владиниот портпарол Марко Милиќ.

Малку подоцна на прес-конференција премиерот Пленковиќ, меѓу другото, изрази жалење до семејството на жртвата, велејќи дека очекува надлежните служби, кои веднаш реагираа, да продолжат да ја информираат јавноста за настанот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk