logo
logo
logo

Почина 19-годишниот Вукашин кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Vecer | 21.03.2025

Почина 19-годишниот Вукашин кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

- Пациентот В.Ц. (роден 2006 г.), кој беше тешко повреден при паѓање на настрешница во Нови Сад и кој по лекување во Клиничкиот центар во Војводина на 29.01.2025 година беше примен на ВМА, почина на 21.03.2025 година во оваа воено-медицинска установа. И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ВМА, пациентот им подлегна на сложените повреди и компликации. На семејството на покојниот В.Ц. Изразуваме најдлабоко сочувство – соопштија официјално од ВМА.

На кобниот 1 ноември, младиот човек пристигнал во Нови Сад, чекал превоз на Железничката станица во Нови Сад, брзајќи да се врати дома, а потоа врз него и уште 16 лица се срушила бетонска настрешница тешка неколку стотици тони. Вукашин преживеал и од тој ден бил во Клиничкиот центар во Војводина, по што бил префрлен на ВМА.

Тој беше на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезиологија и интензивно лекување на ВМА.

Извор: Блиц.рс

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk