Српскиот патријарх Порфириј синоќа во храмот Свети Сава во Белград одржа молитва за загинатите во пожарот во Кочани и за шеснаесеттата жртва на несреќата на железничката станица во Нови Сад, Вукашин Црнчевиќ.
„Вечерва се помоливме за сите оние кои трагично загинаа во Северна Македонија, во Кочани, како и за шеснаесеттата жртва под црната и трагична настрешница во Нови Сад, за Вукашин“.
„Се молевме вечерва и заедно со родителите на оние кои се наоѓаат овдека во Белград во болница, оние кои исто така тешко настрадаа во Кочани. Се молевме вечерва за нив и ги молам сите да се молиме постојано, од длабочината на душата, и на пресвета Богородица и на Господ наш Исус Христос, со својата љубов и благодат – да им дадат сила на родителите, но и да им дадат умешност и знаење и на сите лекари кои се грижат за оздравување на сите од Кочани оние кои се наоѓаат овдека во Белград, што побрзо да оздрават и да се вратат дома“.
Патријархот им искажа длабоко сочувство на родителите на Вукашин, и додаде – „се молиме да покој на душата на нивниот син“.
По богослужбата во храмот на Свети Сава, патријархот Порфириј разговараше со родителите на младите од Македонија кои се на лекување во Србија по големата трагедија во Кочани.
Сите дојдоа во црквата Свети Сава да се помолат на Господа и Пресвета Богородица за своите деца. Во разговор со Патријархот, тие изразија голема благодарност за помошта што ја добија од нивните браќа Срби.
Триесет пациенти кои беа тешко повредени во пожарот во Кочани, во моментов се на лекување во здравствените установи во Србија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата