Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

По разговорот, претседателот на Србија и премиерот на Унгарија одиграа партија билијард.

„По три и пол часа разговор за сите стратешки прашања на соработката меѓу Унгарија и Србија, одиграв пријателска игра билијард со Виктор Орбан. Горд сум на пријателството меѓу Србите и Унгарците и благодарен на Виктор Орбан што вложи многу напор и енергија тоа пријателство да биде суштинско и искрено“, стои на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија, заедно со фотографии од „партијата“.

И Виктор Орбан се огласи на Твитер за да сподели со своите следбеници колку му се допаѓа во Белград.

„По Брисел, здив во Белград. Унгарско-српските односи на највисоко ниво на сите времиња. Ви благодариме за играта и пријателството, претседателе Вучиќ“, објави Орбан.