Досега се приведени се деветмина за насилничко однесување, уништување на туѓ имот и напади врз службено лице. Градоначалникот на Нови Сад денеска ги сумираше штетите во градското собрание, кое беше главна мета на демонстрантите.
-Целта на ова е да се собори Александар Вучиќ, ова нема врска ни со оставка, туку ова е исклучиво удар на претседателот со насилство. , изјави Милан Џуриќ, градоначалник на Нови Сад.
вчерашниот протестен марш почна мирно, но ескалираше вечерта кога десетици луѓе се одвоија од толпата, демолирајќи ги прво просторирите на Српската напредна странка, а потоа и на градското собрание, чии нереди кулминираа со истурање фекалии врз објектот. Полицијата реагираше со солзавец.
Организаторите се оградија од насилството, алармирајќи дека на протестот се уфрлиле насилници спремни за големи нереди.
- Србија ова не го памети. Во мир, на најјавното место во Нови Сад, тука, на железничката станица, овие невини луѓе и деца да настрадаат.
Се плашам дека тука ќе има повеќе крв отколку на претходните протести. Доживеавме да ги губиме нашите деца, нашата иднина, да исчезнуваат под настрешници кои се од 1964 година и го издржаа и бомбардирањето што го имавме.
Доцна синоќа на местото на инцидентите дојде и српскиот претседател Вучиќ, кој најави жесток одговор против насилството.
-Никому нема да му дозволиме да ја гази нашата српска тробојка и никогаш тоа повеќе нема да се случи. И оние кои напаѓаа полицајци ќе одговараат пред законот и нема никави изговори за надлежните органи, сите ќе одговараат пред законот. , рече Вучиќ, претседател на Србија.
За трагедијата која пред четири дена се случи на железничката станица досега се сослушани над 50 луѓе. Состојбата на тројцата повредени во болница и натаму е тешка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата