logo
logo
logo

Пленковиќ: Го зголемуваме вложувањето во војската, купуваме американски ракетни системи

Vecer | 18.12.2024

Пленковиќ: Го зголемуваме вложувањето во војската, купуваме американски ракетни системи

Пленковиќ пред новинарите во Брисел изјави дека Хрватска ќе инвестира повеќе во одбраната, дека ќе го зајакне процесот на модернизација и дека тоа ќе биде официјално потврдено во петок.

Тој изјави дека Хрватска ќе купи американски ракетни системи ХИМАРС, како и подобар, понапреден радарски систем, германски тенкови Леопард, авиони Рафал, а, додаде, има и инвестиции во американски борбени возила Бредли.

„Во нашиот трет мандат, нашите инвестиции ќе ги фокусираме на хрватската морнарица бидејќи сакаме Хрватска како медитеранска земја да има силна морнарица“, рече Пленковиќ, резимирајќи ја средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Тој најави дека следната година Хрватска ќе ја надмине распределбата на БДП од два отсто за одбраната, од кои 30 отсто ќе бидат наменети за модернизација на вооружените сили. Тој рече дека станува збор за замена на старата источна технологија со нова западна компатибилна со НАТО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk