logo
logo
logo

План од 8 точки за итна деескалација на ситуацијата на Косово

Vecer | 02.06.2023

План од 8 точки за итна деескалација на ситуацијата на Косово

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија водеа разговори за олабавување на тензичната атмосфера. Генералниот заклучок од ЕУ е  Косово да одржи нови избори, со учество на Србите во нив и формирање Заедница на српски општини. Доколку Ковската страна не ги спроведе барањата би можела да се соочи со сериозни последици во односите со Унијата. Ова било соопштено на средбата со претседателите на Србија и Косово, Вучиќ и Османи, на самитот на европските лидери во кишињев.  како што објавуваат косовските медиуми, има план од 8 точки за итна деескалација на ситуацијата.

Според  првата точка потребно итно толкување на основниот договор меѓу Косово и Србија, потпишан во охрид. Втората точка предвидува повлекување на косовските специјалци. Во точката три стои дека  безбедноста во општините на северот на косово е доверена на косовската полиција, со помош на кфор и еулекс. четвртата точка предвидува прекин на сите протести и враќање на нормалниот живот. особено значајна е точката  5  според која во средината на јули градоначалниците треба да дадат оставки, а претседателката вјоса османи да побара нови избори, за што османи вчера дала начелна согласност

Во меѓувреме претседателот на парламентарната комисија за Косово, оцени дека Белград нема да отстапи од ЗСО.

„Она што е најважно е дека Шолц и Макрон рекоа дека Заедницата на Српски Општини  мора неодложно да се формира и тоа треба да се испреговара. Жозеп Борел треба да го закаже продолжението на тој технички дијалог, главните преговарачи да може да расзговараат за ЗСО. Што се однесува до нас, не е прифатлива верзијата од почеток да се преговара за ЗСО според визијата на Курти, туку мора да биде согласно Бриселскиот договор.“- Милован Дрецун, Претседател на парламентарна комисија за Косово

Претходно косовскиот премиер Курти ги обвини српските власти за тензичната атмосфера на Северот на Косово и објасни дека верува во трајно пријателство со Западот, како и дека пристапот кон Косово и Србија не може да биде ист, бидејќи според него Србија била автократска земја.

„Јас тесно соработувам со меѓународниот фактор, особено со САД и ЕУ. И тие се незаменливи сојузнини, пријатели и партнери и ние ќе дадеме се од себе. Но, не ја предавам демократската република на фашистичка милиција.“- Албин Курти, Премиер на Косово

Додека се очекува целосно спласнување на тензиите, косовското МНР упати апел до граѓаните да избегнуваат преминување преку Србија и да користат алтернативни рути за патување, со цел да се избегне каков било инцидент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk