logo
logo
logo

Петта ноќ протести во Турција – над 1.300 приведени од почетокот на демонстрациите

Vecer | 24.03.2025

Петта ноќ протести во Турција – над 1.300 приведени од почетокот на демонстрациите

Над 1.300 луѓе се приведени од почетокот на протестите пред пет дена, соопшти турската полиција, која синоќа мораше да употреби и водени топови откако поголема група демонстранти се судрија со полицијата во Истанбул.

И покрај апсењето, Имамоглу може да се кандидира за претседател на Турција, но ако биде осуден за кое било од обвиненијата, тоа нема да биде можно.

Речиси 15 милиони луѓе вчера гласале за неговата претседателска кандидатура, од кои само 1,6 милиони се членови на републиканската народна партија. Синдикатот на турските новинари соопшти дека синоќа биле уапсени девет новинари кои известувале за протестите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk