logo
logo
logo

Авион на Владата на РС слета утрово во Белград, во него е најверојатно Додик

Vecer | 28.03.2025

Авион на Владата на РС слета утрово во Белград, во него е најверојатно Додик

Авион на Владата на Република Српска слета утрово на аеродромот во Белград и во него според српски босански медиуми, се наоѓа претседателот на РС, Милорад Додик, јави МИА од Белград. 

Авионот полетал од Израел синоќа околу 22.30 часот, наведуваат медиумите цитирајќи податоци од веб-страницата ADSBexchange, каде се следи глобалниот воздушен сообраќај во реално време.

Милорад Додик, по кого е распишана централна потерница, а од Интерпол е побарано црвена потерница, беше во Израел на конференција за антисемитизам во Ерусалим. Тој најави дека ќе се врати во БиХ „мирно следната недела“.

Израелскиот весник „Израел Хајом“ објави дека израелските власти „јасно ставиле до знаење дека не е добредојден на настанот, што го натерало да го напушти местото на одржување“.

Додик за Џерузалим Пост изјави дека ја напуштил конференцијата затоа што „се чувствувал како натрапник“.

„Дојдов во Израел да зборувам против антисемитизмот. Наместо тоа, се чувствував непожелно – гостин кој се чувствува како натрапник“, рече тој.

Авионот полета кон Израел вчера околу 18 часот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk