logo
logo
logo

Петнаесетгодишник возел преку 200 км/ч низ Црна Гора

Vecer | 24.05.2022

Петнаесетгодишник возел преку 200 км/ч низ Црна Гора

Црногорската Полициска управа соопшти дека при контрола во местото Горичани е утврдено дека Р.Б(15) возел автомобил со брзина од 201 км/ч на дел од патот каде што брзината е ограничена на 80 км/ч.

Според полицијата С.Н. (61) кој возел со брзина од 194 км/ч на место каде брзината е ограничена на 80 км/ч е приведен и изведен пред судија за прекршоци, каде му е изречена парична казна од 800 евра.

На истото место бил запрен Ѓ.П. (22) кој возел 200 км/ч и покрај ограничувањето од 80 км/ч, а потоа бил приведен и изведен пред судија за прекршоци на понатамошна надлежност, пренесе Нова.рс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk