logo
logo
logo

Пеколно жешко во Грција- владата со предлог мерки и високи казни за работодавачите

Vecer | 14.06.2024

Пеколно жешко во Грција- владата со предлог мерки и високи казни за работодавачите

Според циркуларот, се бара задолжително прекинување на работата на отворено од 12:00 до 17:00 часот кога температурата е еднаква или надминува 40°C.

Оваа пауза се однесува на сите работници, без разлика на видот на вработување, вклучувајќи ги и оние кои работат на дигитални платформи. Дополнително, одредбата за работа на далечина е задолжителна за вработените во приватниот сектор кои имаат зависни работни односи и припаѓаат на високоризични групи.

Во случај на непочитување на овие обврски, ќе му се изрече глоба од 2.000 евра по вработен.

Понатаму, издадени се и насоки од Министерството за транспорт и инфраструктура за возење за време на топлотен бран.

Сите научни докази потврдуваат дека ова лето ќе биде исклучително тешко. Пожарникарите заедно со сите сили за цивилна заштита секојдневно водат битки и успеаја да се справат со десетици опасни пожари пред тие да имаат шанса да ги загрозат животите и имотот на нашите сограѓани, велат од грчката Влада.

Противпожарната служба во средата брзо стави под контрола голем број шумски пожари и пожарот во фабриката во Кифисија, пред тие да се рашират.

Температурите денеска на места ќе достигнат и до 43°С, а се очекува и засилен ветер. Затоа, ризикот од шумски пожари е исклучително висок.

Државните механизми се во состојба на готовност. Двата авиони Canadair денеска се враќаат во Грција, откако беа распоредени на Кипар за да помогнат при големите пожари во Пафос, по директива на министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикилијас.

Сепак, од клучно значење е граѓаните да бидат внимателни - ги повикуваме сите да се придржуваат: Секаква форма на термичка активност, палење, скара и сл., е строго забранета. Ваквите постапки, особено во овие денови, можат да предизвикаат огромно уништување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk