logo
logo
logo

НОВИ МЕРКИ:

Пејачите во паника - Парите земени, а клубовите во Црна Гора добија ЗАБРАНА за работа

Vecer | 23.07.2021

Пејачите во паника - Парите земени, а клубовите во Црна Гора добија ЗАБРАНА за работа

Пола естрада се упати на настапи во Црна Гора, а од таму „ладен туш“ - од денес на сила стапуваат нови мерки кои се со привремен карактер.

Имено, од денес (23 јули) до 2 август привремено се забранува работата на ноќните клубови и дискотеки, како на отворено, така и на затворено.

Се забрануваат журки и музички фестивали, како и какви било масовни собирања во затворен простор.

- Тамам луѓето после година и кусур почнаа да работат и да ги земаат првите пари, повторно забрана. Ова е страшно, вели еден естраден менаџер, шокиран од новите вести.

- Некои пејачи зедоа хонорари однапред, што ќе прават сега. Им требаат пари на луѓето, затоа што останаа без работа, објаснува тој.

Убава вест - вакцинираните ќе можат да се забавуваат

Според црногорските медиуми, од 2 август престојот во затворен простор нема да биде овозможен безусловно. Ќе биде дозволена работа, но само за оние кои се вакцинирани макар и само со прва доза од вакцината, кои поседуваат негативе ПЦР тест или доказ дека во последните 180 дена прележале корона вирус.

Исто така, забранети се и забави т.е. музички фестивали, но и масвни собирања во затворен простор рекол Игор Галиќ, директор на Институтот за јавно здравје.

- Очекуваме дека од август се ќе биде дозволено, но само за оние кои се вакцинирани во целост или добиле само прва доза, рекол Галиќ и додал дека нема да се прифаќаат ниту брзите негативни антигенски тестови ниту тестот на антитела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk