logo
logo
logo

ПАНИКА ВО СОЛУН: Во најмалку 10 хотели стигнале мејлови дека се поставени бомби

Vecer | 23.08.2021

ПАНИКА ВО СОЛУН: Во најмалку 10 хотели стигнале мејлови дека се поставени бомби

Преку мејлови, во најмалку десет хотели во Солун вечерва биле испратени закани дека се поставени бомби, а полицијата превентивно ги евакуира и ги проверува, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Дел од хотелите се во строгиот центар на градот, а досега биле проверени пет од хотелите, но не било пронајдено ништо сомнително.

Според информациите во солунските медиуми, мелови со дојави за бомба биле испратени прво во три хотели, подоцна во уште три, па во уште четири хотели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk