logo
logo
logo

ПАЛМА ГИ ОДНЕСЕ МЕДИЦИНАРИТЕ НА ОДМОР ВО ЕГИПЕТ! Одморот го плаќаат донатори, на летување 1000 работници

Vecer | 16.04.2021

ПАЛМА ГИ ОДНЕСЕ МЕДИЦИНАРИТЕ НА ОДМОР ВО ЕГИПЕТ! Одморот го плаќаат донатори, на летување 1000 работници

Претседателот на Единствена Србија Драган Марковиќ Палма решил да им се одолжи на здравствените работници кои повеќе од една година водат борба со корона вирус, носејќи ги во Египет каде што ќе престојуваат до 17 април.

Во таа група е и пејачот Џани, кој ќе ги забавува во Хургади, како што рекол без хонорар, но некои коментари зборуваат сосема спротивно...

- Велат дека Џани земал пари за да пее кај нас, но тоа не е точно. Храната во Хургади е многу добра, во понудата имаме и по 25 јадења, па ако тоа на некому не му е доволно, најдобро е да оди и да јаде мекица во Србија. Оваа дестинација е исклучива, сопственикот на хотелот е мој пријател кој ни даде доста поволни цени. Ова го платија донатори кои нема да ги откријам.

Обезбедив на почеток на јуни да ги водам и во Грција. Ќе одат и придружни лица, бидејќи и тие луѓе работат цело време. Короната не бира струка со која се занимавате. Моето семејство и јас се вакциниравме, сакам да ги посоветувам и другите да го направат. Короната е опасна болест со која ќе треба долго да се бориме – рекол Драган Марковиќ Палма.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk