logo
logo
logo

Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун

Vecer | 16.12.2024

Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун

Во контејнер со банани што на солунското пристаниште пристигнал од Латинска Америка биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин, а уапсени се четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека за случајот постоела соработка со Канцеларијата ДЕА во Амбасадата на САД Атина, а дрогата била наменета за земји од Европа, но и за Грција.

Уапсени биле четворица странски државјани на возраст од 32 до 44 години, а во предметот се вклучени и други членови на мрежата, кои сè уште не се идентификувани.

Од истрагата произлегло дека најмалку од почетокот на ноември 2024 година, обвинетите формирале криминална организација со меѓународен карактер и биле активна во трговија со значителни количини на дрога (кокаин) од Латинска Америка наменета за европскиот пазар, а за постигнување на целта членовите на организација користеле морскиот пат, при што пратките со кокаин ги криеле во системите за ладење на контејнерите кои превезувале легална стока. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk