logo
logo
logo

Османи отпатува за Њујорк, ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност на ОН

Vecer | 21.04.2024

Османи отпатува за Њујорк, ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност на ОН

Како што соопшти Кабинетот на косовската претседателка, се очекува Османи на седницата на СБ на ОН да зборува за напредокот, спроведувањето на реформите, човековите права, демократијата, владеењето на правото и други теми од важност за Косово.

„Претседателката ќе зборува и за потребата од правда за злосторствата извршени од Србија во Косово“, се вели во соопштението.

За време на престојот во Њујорк, Османи, како што соопштија од нејзиниот кабинет, „се очекува да се сретне и да се координира со некои од постојаните претставници на пријателските земји во Обединетите нации“.

Состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово ќе се одржи во понеделник во 16 часот по средноевропско време, односно во 10 часот според њујоршко време. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk