logo
logo
logo

Орканска бура носи сѐ пред себе во Солун- страшно невреме во Грција (ВИДЕО)

Vecer | 02.12.2024

Орканска бура носи сѐ пред себе во Солун- страшно невреме во Грција (ВИДЕО)

Многу делови од земјата беа погодени од обилни врнежи и бурни ветрови. На северот и на истокот од земјата наврнаа од 100 до 200 литри дожд на метар квадратен, а до 400 литри во делови на Халкидики и Родос, предизвикувајќи разорни поплави и порои,објави ЕРТ.

Значи, станува збор за врнежи кои паднале за два дена, а во просек паѓаат во текот на целата зима на овие локации. На некои локации врнело дожд колку што врне во просек за половина година.

Поплавите носеа сѐ пред себе. Оштетени се бројни згради и патишта, а има и срушени мостови.

Бурниот ветер ги искрши дрвјата, а поради невремето Солун остана во мрак.

Во североисточните делови на земјата и на брегот на Егејското Море се забележани ветрови со ураганска сила од 120 км/ч.

Брановите на Егејското Море биле високи и до 10 метри и со сета сила удирале во крајбрежните области.

Се судрија и два брода.

Под удар на грмежи и невреме е и поширокото подрачје на Атина.

Во исто време обилни снежни врнежи ги зафатија планинските предели на северот и северозападот од земјава, а наврнаа повеќе од половина метар снег.

Грција се уште е под влијание на силен циклон, а епицентарот на обилните врнежи и бурните ветрови се наоѓа во Егејското Море, на југоисточниот и источниот дел на земјата и на островите во Егејското Море.

Добрата вест е што невремето полека слабее, а бранот обилни врнежи и бурни ветрови во следните 24 часа ќе се придвижи на исток кон Турција.

Сепак, повремени врнежи со грмежи ќе има во следните два дена и пошироко во делови од Грција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk