logo
logo
logo

Општи избори 2022: Затворени избирачки места во БиХ

Vecer | 02.10.2022

Општи избори 2022: Затворени избирачки места во БиХ

Во БиХ денеска се одржаа општи избори.

Портпаролот на СНСД Радован Ковачевиќ на првата прес-конференција рече дека Република Српска повторно го покажала својот демократски капацитет, а претставниците на опозициските партии, како што рече, цел ден имале план да предизвикаат инциденти во Република Српска.

- Убедени сме во победата на СНСД. Дефинитивно очекуваме сигурна победа на нашите кандидати - изјави Ковачевиќ.

Потсетуваме, право на глас на општите избори имаа 3.368.666 гласачи.

Според податоците на Централната изборна комисија, до 15 часот гласале 35 отсто од гласачите.

Граѓаните избраат тројца членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, 42 пратеници на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, тројца кандидати за претседател и потпретседател на Република Српска, 83 пратеници во Народното собрание на Република Српска и за Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина и 98 пратеници и кандидати за кантонални собранија во ФБиХ .

На гласачките ливчиња има 127 политички субјекти и тоа 72 политички партии, 17 независни кандидати и 38 коалиции.

Граѓаните со право на глас можеа да гласаат на 5.903 избирачки места, од кои 5.418 се редовни, седум избирачки места за гласање во отсуство, 105 за гласање на непотврдени ливчиња, 352 мобилни тимови и 21 избирачко место во дипломатско-конзуларните претставништва на БиХ во 15 земји.

Фото: RTRS

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk