logo
logo
logo

Одложена средбата Мицотакис – Ердоган во Њујорк

Vecer | 23.09.2025

Одложена средбата Мицотакис – Ердоган во Њујорк

На барање на турската страна, одложена е денешната средба на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а грчки владини извори брифираа дека се бара нов термин за средба во наредните денови, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите извори, средбата закажана за денеска нема да се одржи денес, на барање на турската страна, поради учеството на Ердоган на средбата на лидерите на арапски и муслимански земји, што ја организира американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk