logo
logo
logo

ОДИМЕ на море! Грција се отвора, еве и како

Vecer | 09.03.2021

ОДИМЕ на море! Грција се отвора, еве и како

Локдаунот кај нашиот јужен сосед веќе од крајот на месецов полека ќе почне да се укинува по фази, а туристи за летување ќе може да се примаат веќе во мај.

Како што јавува грчката телевизија Стар, Грците почнуваат да планираат попуштање на антиепидемиолошките мерки, и покрај наглиот раст на бројот на заразени. Сепак грчките експерти најавија дека очекуваат дека бројот на заразени ќе падне за време на следната недела и дека веќе не очекуваат толку тешки случаи во болниците.

Првата релаксација на мерки почнува на 22 март, а потоа се планира постепено отварање. Се до мај, кога е најавено дека Грција ќе почне да прима странски туристи.

За почеток се планира пуштање на туристи кои се вакцинирани против Ковид 19 или пак ќе приложат негативен ПЦР тест, но за почетокот на летото можно е да бидат примани и останатите туристи на кои ќе им бидат правени брзи тестови.

План по кој ќе се отвора Грција

  • 22 март: Отворање на малопродажните објекти, трговски центри и фризерници. Купувањето ќе може да се изврши еднаш дневно, со ограничување од 3 часа. Истиот ден се отвараат и гиманазиите и факултетите
  • 29 март: Се отвораат и основните училишта
  • 20 април: Се отвораат рестораните, кои ќе може да примаат гости само на отворено
  • мај: Отворање на туризмот
  • јуни: Отворање на баровите и фитнес салите, како и дозволи за крштевки и свадби

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk