logo
logo
logo

НОВИ ШОКАНТНИ ОТКРИТИЈА ОД ИСТРАГАТА: Малата Данка се РАЗБУДИЛА во возилото

Vecer | 05.04.2024

НОВИ ШОКАНТНИ ОТКРИТИЈА ОД ИСТРАГАТА: Малата Данка се РАЗБУДИЛА во возилото

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја убиле малата Данка Илиќ (2), а најновото откритие од истрагата ја запрепасти јавноста. Двајца работници на „Водовод“ од Бор го признале убиството на малата Данка Илиќ, а деталите од истрагата продолжуваат да ги шокираат сите во Србија.

Шефот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Цмолиќ во јавноста изнесе  шокантно откритие. Имено, откако ја удриле малечката со автомобилот, тие мислеле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и се разбудило во еден момент!

– Според нивните изјави застанале да одат во тоалет  во близина на куќата. Кога продолжиле, ја удриле Данка, а потоа ја ставиле во багажникот. Чудното движење на нивното возило било снимено на ГПС. Приказните за давењето на детето не им се поклопуваат, бидејќи детето се разбудило додека возеле, а сопатникот ја задавил Данка. Но тие не можат да се договорат кој го задавил детето, а подоцна го фрлиле во депонија, изјави началникот.

Открил и дека деноноќно се собираат докази.

- Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се согласуваат за деталите за ударот, но не се согласуваат за самото убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удриле со автомобилот, а тие мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила, а еден од нив ја задавил и на крајот се ослободиле од телото на депонијата, се вели во изјавата на Цмолиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk