logo
logo
logo

„НОН ПЕЈПЕРОТ“ кој го здрма регионот СЕ УШТЕ ПОСТОИ: „Ми стои во фиока 4 години“

Vecer | 23.01.2022

„НОН ПЕЈПЕРОТ“ кој го здрма регионот СЕ УШТЕ ПОСТОИ: „Ми стои во фиока 4 години“

Поранешниот висок претставник за БиХ, Валентин Инцко рече дека нон-пејперот кој го здрма Балканот, односно неофицијалниот дипломатски документ за промена на границите во Западен Балкан по етничка линија, сè уште постои.

Инцко во едно од ретките појавувања во медиумите по заминувањето од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина, даде интервју за словенечките медиуми и рече дека овој документ е во неговата фиока речиси четири години.

Факсимилот од интервјуто во кое Инцко ги кажува овие тврдења на својот Твитер профил го објави словенечкиот премиер Јанез Јанша, кога се шпекулираше дека тој е автор или коавтор на овој документ.

Во април минатата година документот за прв пат беше објавен од словенечките медиуми, под наводно авторство на словенечкиот премиер Јанез Јанша, а беше испратен до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за време на словенечкото претседателство со ЕУ.

Бидејќи се работи за неофицијален дипломатски документ, наменет за пренесување на различни ставови и иницијативи без формален карактер, тој немал ниту потпис.

Постоењето на овој документ го негираа тогашниот словенечки премиер и членовите на Европскиот совет, а целиот случај, судејќи според последните изјави на поранешниот висок претставник, се уште нема добиено епилог.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk