logo
logo
logo

Нема трага од семејството на монструмот од Цетиње, се плашат од крвна одмазда

Vecer | 14.08.2022

Нема трага од семејството на монструмот од Цетиње, се плашат од крвна одмазда

- Здрав разум не може да го направи тоа што го направи Бориловиќ! Убивање луѓе кои не се виновни за ништо, без причина, без предупредување дека нешто ќе им се случи... Невидена катастрофа - вели жителка на Цетиње и додава:

- Направено е големо зло за кое некој мора да одговара. За жал, се плашам да размислувам, но луѓето кои ги загубија своите најблиски нема да можат да го поднесат ова.

Семејството Бориловиќ, Мартиновиќ, чија сопруга и децата се убиени, како и семејството Калуѓеровиќ, пред кое Ненад наводно го застрелал убиецот, се три традиционални семејства кои и денес живеат по старите обичаи.

Жителите на Цетиње сега се плашат од крвна одмазда.

- Повеќе се плашиме што ќе се случи по ова невидено злосторство што го изврши Бориловиќ. Ќе има крв и тоа нѐ плаши, а веќе се шпекулира дека сопругата и децата на убиецот нема да можат да се вратат во Цетиње - вели соговорникот и додава:

- Слушнавме дека сопругата и децата на Бориловиќ се во шок откако дознале дека Вук направил вистински масакр. Нивните роднини веднаш ги отстраниле од Херцег Нови каде биле на одмор и ги однеле на непозната локација.

Жител на Цетиње вели дека сопругата и децата на Бориловиќ воопшто не се во Црна Гора.

- Низ Цетиње се шушка дека ја напуштиле родната земја плашејќи се од крвна одмазда и отишле далеку од познатите луѓе - вели соговорникот.

За потсетување, Вук Бориловиќ во петокот околу 15 часот и 30 минути уби 10 лица, додека неговите први жртви беа мајка и две момчиња на возраст од осум и 11 години. Во крвавиот поход Бориловиќ ги застрелал соседите, но и вујко му кој се обидел да го спречи. Според црногорската полиција, Бориловиќ бил убиен со пет истрели, но се уште не е потврдено дали бил погоден од куршуми испукани од полицијата или од Ненад Калуѓеровиќ, кој оттогаш е во бегство,пишува српски Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk