13-та белградска гимназија на својата веб-страница објави нов кодекс на облекување кој учениците ќе мора да го следат.
Претходните месеци многу се зборуваше за децата и училиштата, колку време им посветуваме и дали е доцна да се поправат некои работи... Откако се случија две големи трагедии, населението се уште е во страв, и често се зборуваше за нови мерки, меѓутоа, се чинеше дека не беше доволно за да се поттикнат исплашените родители и деца.
Со оглед на тоа што се ближиме до почетокот на новата учебна година, XIII белградска гимназија беше меѓу првите училишта кои воведоа нови правила за облекување. Тие на веб-страницата на училиштето и официјалната сметка на социјалните мрежи објавија што е забрането, односно не спаѓа во кодекс на облекување што е соодветен во училиштето.
Меѓу алиштата кои се забранети се и кратки маици, тренерки, шорцеви, панталони, но и дуксери со качулка, хеланки и кратки здолништа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата