logo
logo
logo

Напаѓачот во основното училиште во Загреб е полнолетен, повредените надвор од животна опасност

Vecer | 20.12.2024

Напаѓачот во основното училиште во Загреб е полнолетен, повредените надвор од животна опасност

Во полициското соопштение се наведува дека во болниците се примени петмина повредени, од кои три деца и двајца возрасни. Напаѓачот е под полициски надзор.

Минисерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ изјави дека е згрозена од нападот. Таа изрази сочувство до семејството на починатото дете, а за повредените рече дека се пренесени во болница и во овој момент сите се надвор од животна опасност. 

ХРТ објави дека децата кои заминувале на појадок виделе крв низ ходникот и млад човек како тепа момче, при што настанала паника и почнале да бегаат. Младиот човек потоа влегол кај учениците од прво одделение. Таму најверојатно избодел неколку студенти. Потоа истрчал од училиште и побегнал во блискиот Здравствен дом, каде се заклучил во тоалетот и се обидел да се самоубие, а полицијата го спречила.

Утрово 19-годишникот со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во образовна институција во Загреб. Едно дете загина. Напаѓачот е под полициски надзор, а на повредените им е укажана лекарска помош, соопшти полицијата претходно денеска. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk