logo
logo
logo

НЕЗАПАМЕТЕН МАСАКР

НАЈСТРАШНОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ИСТОРИЈАТА НА СРБИЈА: Зошто овој вундеркинд направи крвав пир?

Vecer | 04.05.2023

НАЈСТРАШНОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО ИСТОРИЈАТА НА СРБИЈА: Зошто овој вундеркинд направи крвав пир?

По незапаметениот масакр во училиште во центарот на Белград, сите се прашуваат што го натерало ученикот од седмо одделение да го изврши ова грозоморно злосторство.

Што можело да натера одличен и талентиран ученик, успешен спортист и вундеркинд, како што го нарекувале во околината, да убие девет луѓе на училиште? Училишните другари на уапсениот тринаесетгодишник и настраданите се во шок по трагедијата и со солзи за тамошните медиуми велат дека ова момче претходно не било проблематично, но го опишуваат како чуден.

Одел на натпревари

- Тивок, повлечен, не се дружеше премногу со никого, беше малку чуден, но со него немаше никакви проблеми. Тој е меѓу најдобрите ученици во своето одделение, тој е вуковец и одеше на натпревари по повеќе предмети, раскажал еден од учениците на училиштето.

 

pucnjava, Vračar

 

Вчера имаше и информации дека момчето било малтретирано од други ученици, па дури и дека било жртва на насилство од врсниците, а поттик за злосторството била единица за историја што неодамна ја добил.

- Бил малтретиран од другарите, бил жртва на врсничко насилство и на инсистирање на родителите е префрлен во друга смена. Беше мирен, добар ученик. Очаен сум, вели еден од родителите чие дете го посетува ова училиште, писателот Душан Недељковиќ.

 

Vračar, pucnjava, OŠ Vladislav Ribnikar, dečak pucao na učenike, Kosta Kecmanović

Меѓутоа, други родители тврдат дека момчето не било префрлено во друго одделение затоа што било малтретирано, туку поради неговите извонредни достигнувања во училиштето.

-Таа паралелка беше формирана од најдобрите ученици во училиштето и скоро дојде во неа. Тоа момче беше совршен ученик. Одвратно е што велат дека убил толку многу луѓе поради единица за историја, тоа не е точно. Велат дека го задевале во претходниот клас, а во овој новиот немал проблеми со никого, рекол еден родител.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk