Најскапиот квадрат е платен за 9.495 евра на локацијата Белград на Вода, а најголемата сума е издвоена за стан со површина од 344 метри квадратни - 2.011.273 евра во Нов Белград.
Во главниот град во соседството во вториот квартал од годинава се склучени 7.548 договори за купопродажба на недвижен имот, вкупниот промет е 871 милион евра, од кои 596 милиони евра се издвоени за станови, соопшти Републичкиот геодетски завод (РГЗ).
Најскапата куќа е продадена на територијата на белградската општина Савски венац за 4.802.000 евра, а најскапото паркинг место е платено за 58.400 евра.
Извештајот на Републичкиот геодетски завод за пазарот на недвижности за вториот квартал од 2023 година покажува дека пазарот во Србија е стабилизиран и смирен, по двегодишниот исклучително динамичен раст, што следуваше по избивањето на пандемијата на корона вирусот.
Највисока цена е постигната за становите во Белград, каде најскапиот квадрат е продаден по цена од 9.495 евра на локацијата Белград на вода, додека најголема сума е издвоена за стан со вкупна површина од 344 квадрати метри, 2.011.273 евра во Нов Белград. Во Србија за купување недвижности се искористени вкупно 1,7 милијарди евра, што е за 13 отсто помалку во споредба со истиот квартал од претходната година.
Најголемо учество во вкупниот промет на недвижности има продажбата на станови (962,3 милиони евра), со учество од 58 отсто од вкупната истргувана вредност, што е за два процентни поени повеќе во однос на вториот квартал од 2022 година.
За куќи се издвоени 127,3 милиони евра, за градежно земјиште 113,5 милиони евра, за деловен простор 94,1 милиони евра, додека за земјоделско земјиште 54,4 милиони евра.
Во однос на начинот на плаќање, само седум отсто од сите истргувани недвижности се плаќале од кредити (пет отсто помалку од 2022 година), а становите најмногу се плаќале од кредитни средства (вкупно 16 отсто).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата