НАЈГОЛЕМИОТ БЛАМ НА ТИТО, кој светот го памети! Тогаш не смееше никој да писне, а сега се смеат (Видео)

Јосип Броз Тито бил во официјална посета на Велика Британија во 1953 година. По тој повод тој се сретнал со премиерот Винстон Черчил, министерот за надворешни работи Ентони Идн, како и со принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета II. Целиот состанок е снимен, а видеото стана вирално поради начинот на кој маршалот зборувал англиски.
Тоа беше прв пат Тито да ја напушти Југославија по расколот со Советите. Тој пристигна на островот со својот познат „Галеб“. Меѓутоа, недалеку од местото каде што бил поставен бродот во пристаништето, експлодирала димна бомба. Но, маршалот не се грижел многу за оваа непријатна ситуација, влегол во автомобилот и продолжил понатаму. Тамошните медиуми пишуваа дека зад овој немил настан стојат припадници на југословенската емиграција во Британија, кои сакале на некој начин да го изразат својот протест.

Од друга страна, британските власти направиле се за да го заштитат Тито, безбедносните мерки биле подигнати на највисоко ниво. Низ Лондон се возел со блиндиран автомобил, па дури и локацијата каде што престојувал се чувала во тајност.
Пред неколку години, британскиот филмски журнал Пате го објави најголемиот дел од својата архива на Јутјуб. Видеата ги прикажуваат најзначајните настани од 20 век ширум светот. Меѓу нив имаше и видео на кое Тито зборува англиски среде Лондон, а во такви прилики светската јавност ретко го гледала.

– Сакам да му порачам на народот на Велика Британија дека жителите на мојата земја треба да ги сметаат за искрени сојузници бидејќи народите на новата Југославија имаат исти цели како и народот на Велика Британија, рекол југословенскиот претседател во кратката изјава дадена на бреговите на Темза.