logo
logo
logo

На Бугарија и недостасуваат 590.000 луѓе, а се зголемил бројот на сиромашни пензионери и млади

Vecer | 12.10.2021

На Бугарија и недостасуваат 590.000 луѓе, а се зголемил бројот на сиромашни пензионери и млади

Во последните десет години населението во Бугарија се намалило за 590 илјади луѓе, изјави заменик-министерот за труд и социјална политика Иван Крстев на дебата организирана од фондациите „Солидарно општество“ и „Фридрих Еберт“.

Во истиот период бројот на сиромашни пензионери се зголемил за 128 илјади, а на сиромашните деца за над 17 илјади.

Според Крстев, во земјата нема соодветна политика за социјална заштита на најранливите – пензионерите и децата, додавајќи дека од 2010 до 2020 година месечната помош за одгледување дете се зголемила само за 5 лева (околу 300 денари – н.з.).

На форумот беше изнесен податокот дека 1,6 милиони Бугари (од 6,927 милиони во 2020 година според Светската банка) се под прагот на сиромаштијата, а речиси половина милион или 29 проценти од вработените во државата добиваат минимална плата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk