logo
logo
logo

Можна ли е нова влада во Бугарија до наредна недела?

Vecer | 03.12.2021

Можна ли е нова влада во Бугарија до наредна недела?

До крајот на следната недела Бугарија може да има редовна влада, предвидува Кирил Петков, копретседавач на „Продолжуваме со промената” која победи на парламентарните избори. На почетокот на новата недела се очекува да биде потпишан коалицискиот договор меѓу преговарачите – „Продолжуваме со промената”, БСП, „Има таков народ” и „Демократска Бугарија”, јави дописникот на МИА од Софија.

Слична прогноза на влезот во Народното собрание даде и лидерката на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова. Според неа, Кирил Петков се уште не зборувал за идни министри. Кирил Петков најави дека нивна кандидатура за претседавач со 47. Народно собрание на Бугарија ќе биде адвокатот Никола Минчев.

Во салата на Народното собрание се претседателот и потпретседателот на Бугарија Румен Радев и Илијана Јотова, како и привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев и членовите на преодната влада на државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk