logo
logo
logo

Можна блокада на патиштата кон ЕУ: Регионални превозници бараат крај на дискриминацијата

Vecer | 16.12.2024

Можна блокада на патиштата кон ЕУ: Регионални превозници бараат крај на дискриминацијата

Доколку не се постигне договор помеѓу претставниците на ЕУ и државите од регионот за изземање на професионалните возачи од европското правило „90/180“, превозниците од Македонија, БиХ, Србија со поддршка од асоцијации на превозници од Турција, Молдавија и Црна Гора, планираат блокада на патиштата кон ЕУ.

Ова го потврди за „Аваз“ координаторот на Конзорциумот за логистика на БиХ, професорот Велибор Пеулиќ, по состанокот на лидерите на водечките транспортни асоцијации во регионот, кој се одржа во Белград.

Професионалните возачи од БиХ, Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Турција веќе долго време се соочуваат со апсења, депортации и казнувања, бидејќи за нив не важи исклучок од правилото за бројот на денови кои можат да ги поминат во земјите од ЕУ. Пресудата на Сојузниот суд за управување, азил и миграции во Салцбург, Австрија, донесена во корист на возачите од БиХ, дава надеж за позитивно толкување на правилото „90/180“ и за третирање на возачите како активни учесници во транспортот, а не како туристи.

- Ако до првиот квартал на 2025 година не се постигне прифатливо решение за изземање на професионалните возачи од правилото кое дозволува престој од максимум 90 дена во рок од 180 дена, превозниците ќе преземат координирана акција. Над 470.000 транспортни единици во ист ден и час ќе блокираат снабдувачки синџири кон и од ЕУ. Блокадата ќе предизвика нарушување на сите снабдувачки синџири во ЕУ,  изјави Пеулиќ.

На состанокот е поддржана иницијативата на министерот за комуникации и транспорт на БиХ, Един Форто, да се испрати заедничко барање од ресорните министри од регионот до ЕУ, Европската комисија и амбасадорите на ЕУ најдоцна до 20 декември. Од деловните заедници во ЕУ и странските инвеститори во регионот се бара поддршка.

- Одлучни сме во намерата да го искористиме дијалогот и со силни аргументи да го докажеме правото на работа и партнерство со ЕУ, со цел да се елиминира дискриминацијата на превозниците од државите од регионот на пазарот на ЕУ, нагласи Пеулиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk