logo
logo
logo

Милановиќ на Фејсбук: Се додека сум претседател хрватски војник нема да води туѓи војни

Vecer | 13.12.2024

Милановиќ на Фејсбук: Се додека сум претседател хрватски војник нема да води туѓи војни

„Хрватските војници нема да водат туѓи војни. Додека сме сведоци на глобални промени и конфликти кои можат да имаат непроценливо влијание врз светскиот мир и поредок, дискусиите за можното заминување на војници од одделни членки на НАТО во Украина почнуваат повторно. Додека сум претседател на Републиката, Хрватска ќе ја чувам од вакви конфликти“, напиша Милановиќ.

„Хрватска нема да спроведува туѓи одлуки без размислување и следење наредби, туку ќе биде внимателна и ќе се грижи за својот интерес, постојано ќе го доведува во прашање тоа што се случува околу нас, но ќе биде искрена и лојална на оние со кои потпишала сојуз“, напиша хрватскиот претседател и кандидат за нов мандат, Зоран Милановиќ во статусот на Фејсбук ./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk