logo
logo
logo

Србинот кој прими две вакцини

„Ме познаваа како музичар, сега како МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН“

Vecer | 10.03.2021

„Ме познаваа како музичар, сега како МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН“

Ме познаваа како музичар, а сега како медицински феномен вели Слаѓан Антиќ Гера, од Врање кој стана познат откако прими две различни вакцини против ковид 19 и додава дека сега се чувствува добро, иако имал здравствени проблеми по ревакцинацијата.

Тој порано работел како музичар и вели дека така бил популарен, но додава дека ваквиот тип на публицитет е доста различен, во споредба со оној што го има сега.

- Новинарите, медиумите ме нарекуваат нон стоп, луѓето на улица ме препознаваат, но сега, за разлика од претходните години, не прво како музичар, туку како некој што е на некој начин медицински феномен, рече Антиќ.

Вели дека не било негова цел луѓето да го знаат како таков.

- Првите десет дена не бев добро, се чувствував многу лошо, имав вртоглавица, несвестица, студени раце. И сега имам проблем, но сум далеку подобар отколку што бев, рече  Антиќ

Тој додава дека, како што стојат работите сега, тој нема намера да ги тужи властите кои направиле грешка при вакцинирањето и ревакцинацијата.

- Ако сè оди како што треба, немам ниту желба ниту волја да тужам некого. Добив ветувања од локалната самоуправа, градоначалникот, дека ќе помогне. Не ми е целта да некој да загуби работа, само ако има некои несакани ефекти, очекувам помош. Што имам од фактот дека ќе тужам некого, прво треба да бидеме луѓе, а потоа сè друго - вели Антиќ.

Како што вели, неговиот најголем проблем во последната година е што како музичар не може да работи, да заработува пари, заради мерките што беа преземени за време на борбата против пандемијата.

- Тоа е мојот основен приход, работата ми застана и да не беа децата што заработуваат, ќе беше многу тешко - посочува Антиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk