logo
logo
logo

Малолетниците во Грција осудени за блага деликвенција ќе се интегрираат преку спортот со вклучу

Vecer | 18.12.2024

Малолетниците во Грција осудени за блага деликвенција ќе се интегрираат преку спортот со вклучу

Спортот како поправна мерка за малолетниците на возраст од 12 до 18 години, осудени за блага деликвенција ќе се користи во Грција, а децата ќе бидат вклучени во аматерски спортски клубови во Грција со цел нивна интеграција, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за иновативна мерка презентирана од надлежните грчки министри за спорт и правда, како дел од пакетот мерки што ги презема државата за справување со малолетничката деликвенција, а иницијативата веќе била спроведена на островот Крит и веќе шест деца биле вклучени во спортски тимови.

Заменик-министерот надлежен за спорт Јанис Вруцис за време на презентацијата на мерката рече дека е „историски ден“ и посочи дека „само спортот со својот педагошки карактер може да ги научи сите деца и новата генерација на вредности како што се дисциплина, почит, солидарност, соработка, лојалност, самопочит и посветеност на континуирано само-подобрување“ и додаде дека поправната мерка, првично пилотски ќе се спроведе во пет региони во земјата.

Министерот за правда на Грција Јоргос Флоридис објасни дека станува збор за три мерки што се однесуваат на малолетничката деликвенција.

Првата е дека судијата за малолетници може да изрече поправна мерка учество во спортски активности, втората е дека наскоро ќе биде потпишана министерска одлука со која ќе се организира рамка за спроведување на поправна мерка за учество во културни активности и особено во театарски групи, а третата мерка е општокорисна работа.

- Тука има еден убав пример: ако едно дете вандализира уметнички дела, најдобриот начин да го поправите и да го реинтегрирате во општеството е да го испратите да работи со конзерватори на уметнички дела. Односно, гневот на уништување да се претвори во позитивно дело. Да види како ги разубавуваме уметничките дела и ги одржуваме во живот и им овозможиме да бидат зачувани за во иднина, рече Флоридис. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk