logo
logo
logo

Македонски активисти ги стоплија срцата на децата во Туминец, Мала Преспа

Vecer | 29.12.2024

Македонски активисти ги стоплија срцата на децата во Туминец, Мала Преспа

Македонски активисти денеска реализираа последователна хумантарна акција, овој пат, наменета за децата од село Туминец, општина Пустец, доделувајќи им новогодишни пакетчиња, што предизвика радост кај најмладите.

-По вчерашната акција реализирана во селото Требиште, област Голо Брдо, каде на македончињата им доделивме новогодишни пакетчиња, со поддршка на компанијата „Витаминка“ од Прилеп, денеска ги стопливме срцата на најмладите во Туминец, општина Пустец, со поддршка на компанијата „Тинекс“. Ја исполнивме нашата заедничка цел – да внесеме радост и насмевки кај најмладите за време на празниците, информираше Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на општина Пустец и голем поборник за правата на Македонците. 

Додава дека акциите ги организирале заедно со македонската активистка Елена Симоновски, од Тирана и професорот Ефтим Ставре, од село Туминец.

-Радоста, искрената благодарност и среќа на децата не може да се опише. За поддршката искажуваме оскрена благодарност до компанијата TINEX, која со својата поддршка помогна оваа акција да стане реалност, посочува Темелко.

Претходно најмалите од детските градинки во Горица и Пустец, како и ученици од неколку одделенија од одделенска настава, беа израдувани со новогодишни пакетчиња обезбедни од познатиот активист за правата на Македонците, Панди Јани, во соработка со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk