logo
logo
logo

МАКЕДОНКА ВО НОВАТА СЛОВЕНЕЧКА ВЛАДА: Проф. д-р Емилија Стојменова Дух, министерка за дигитализација

Vecer | 13.05.2022

МАКЕДОНКА ВО НОВАТА СЛОВЕНЕЧКА ВЛАДА: Проф. д-р Емилија Стојменова Дух, министерка за дигитализација

Професорката на Електротехничкиот факултет во Љубљана, Емилија Стојменова Дух во новата словенечка влада ќе биде министерка за дигитализација. Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, а е и директор на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia.

Како што пренесе Нова ТВ, особено е активна во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на ЕУ и Европскиот парламент.

Таа ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката.

По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор, Словенија.

Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата Меѓународна матура во Втората Гимназија во Марибор каде го завршува средното образование.

Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор иги завршува како најдобар студент.

Извор: Денешен

Фото: новатв.си

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk