logo
logo
logo

Македонците остануваат без пратеник во албанското собрание - заради карантинот на Еди Рама

Vecer | 30.04.2021

Македонците остануваат без пратеник во албанското собрание - заради карантинот на Еди Рама

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, не успеа да обезбеди нов пратенички мандат на парламентарните избори, што се одржаа на 25 април во Албанија.

Стерјовски беше првиот и досега единствен пратеник на македонска партија во Албанија а неговиот мандат истекува на 8-ми септември.

„Благодарност и до сите Македонци од Албанија кои живеат и работат во Македонија и Грција, кои изразија желба на 25 април да дојдат и да гласаат за мене.

За жал, Техничкиот комитет на експерти, во врска со мерките за заштита на населението за време на пандемијата со корона вирусот, четири дена пред изборите, воведе двенеделен карантин за секој што доаѓа од Македонија и Грција.

Поради тоа, Македонците од овие држави немаа можност да дојдат во Република Албанија и да гласат за мене“, изјави Стерјовски.

Според освоените гласови, тој е деветти по ред на листата, што значи дека не успеа да влезе во добитната листа, но е на листата на чекање. Доколку се ослободи место во текот на четиригодишниот мандат на новиот парламентарен состав, додава тој, повторно ќе влезам во парламентот, како и во актуелниот мандат кој трае до осми септември годинава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk